На Аце Коцевски не му се допаднала албанизацијата на прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбр Адеми? На прашање поставено на албански јазик министерот „мртов ладен“ си одговори на албански, и покрај реакциите од градоначалникот на Велес дека не го разбира што кажува. Градскиот татко од СДСМ претходно дури и се закани дека ќе си замине ако не се обезбеди превод, „да нема лутење“, но „машки“ си отстоја откога Арбр комплетно го изигнорира и си се расприкажа на албански.

Додуша, му вети министерчево на Ацета дека тој лично потоа можел да му го преведе својот одговор, „за вашите потреби“, како што рече?! Божем Аце има посебни потреби, па Арбрчо ќе му поможи троа, оти е многу хуман, колку што се прави фин. Со насмевка, ами како. Како да сакаше да му каже „кој ти е виновен што, покрај македонски, зборуваш англиски, а се служиш и со руски, српски и хрватски, како што стои на вебстраницата на општина Велес, а не си научил албански“.

Да не е трагично, би било смешно. Не знам само што очекуваше велешанецот од партијата што стори сè за насила да се протурка неуставниот Закон за употреба на јазиците, па уште само со потпис од спикерот Таљат Џафери, а без задолжителниот од претседателот Ѓорге Иванов? Што не му е јасно на Коцевски, кога токму неговата партија остана глува на сите предупредувања за катастрофалните последици од неприродното наметнување на албанскиот како втор службен јазик покрај македонскиот и во средините каде што не живее ниту еден Албанец?

Нивниот коалициски партнер ДУИ не се труди да обезбеди ни преведувач, како при срамното обраќање на новинарите од координаторот на пратеничката група Ејуп Алими, исто така само на мајчиниот му јазик. Без превод, разбира се. Партијата изнедрена од „бандата терористи и убијци“, како што од почетокот го нарекуваше УЧК тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, со „квантиниот скок“, што би рекол премиерот Зоран Заев, експресно ја прошири и надгради Тиранска платформа. Па, од двојазичност веднаш премина на – еднојазичност?!

Ако тоа го спроведуваат највисоки функционери од Мала Речица, и тоа пред рефлекторите на јавноста, без мува да ги полази, може ли некој да замисли како тоа ќе изгледа во изведба на службеник Албанец на шалтер кога ќе му дојде граѓанин што не разбира албански? Што сакаат да порачаат Адеми, Ејупи и таквите како нив – дека Македонците, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите и другите во оваа држава ќе мора да научат албански за да се разберат со Албанците? Што ако утре вакво самоволие си дозволи функционер од друга националност, на пример Влав, кога ќе дојде во контакт со граѓанин што не му го разбира јазикот на кој говори, да речеме Ром?

Им станува ли полека јасно и на тие што го изгласаа Законот, и на тие што нив ги гласаа(т) и ги поддржуваа(т), што направија? Не сакаа да слушаат универзитетски професори, интелектуалци, па и обични граѓани со здраворазумско расудување, во каква авантура ја втурнуваат државата, па сега нека го жнеат тоа што го посадија.

На здравје бричење (на суво) и кратко потстрижување, господа лажни космополити и божемни промотори на „едно општество за сите“. Ви дојде ли животот?

SHARE

5 Коментари

  1. Законот за јазици не е закон за елиминирање на идиоти. Идиоти секогаш имало и ќе има. Ти си еден од примерите. Такви идиоти како тебе и овој министер што го злоупортебува законот, веќе долго време ја бричат на суво оваа држава. Не се знае само тоа дали вие идиотите не го разбирате законот или намерно погрешно го тумачите. Со својот однос кон овој закон ти Димиртиевски, воопшто не се разликуваш од министерот Адеми. Законот не е против соживотот во Македонија, па според тоа против мирот во Македонија. Вие двајцата сте против мирот и соживотот во Македонија.

    • се согласувам “Законот за јазици не е закон за елиминирање на идиоти“ туку за нивно клонирање и производство на брза трака. Ти “еден“ како си, добро ти е?
      Познато е дека мирот секогаш најбрзо се постигнува со јазична федерација, а ако не функционира ќе напраиме и политичко-територијална федерација. Се прашувам како за вакво нешто не се сетиле тоа каубоите и оние старите европски демонкратии, затоа и имаат немири по улици и разни други работи, пак сме први повторно сме најдобрите, гледате како е кај нас мирно по улици, ги сместивме терористиѕе во затвор ги амнестиравме вредните кои беа неправедно таму и сега сеат љубов и среќа а терористите кои пеат македонска химна, мамето нивно терористичко они ќе пеат македонска химна, има да пеат само северџанска…!

Оставете Коментар