Силите на Националната гарда кои се моментално распоредени во Вашингтон за да помогнат во зајакнувањето на безбедноста околу зградата на Капитол за Денот на инаугурацијата, ќе бидат вооружени, пренесува „Њујорк тајмс“.

На почетокот на оваа недела, Пентагон овласти до 15.000 лица од Националната гарда од целата земја да бидат распоредени во Вашингтон за поддршка на полицијата пред и за време на инаугурацијата на Бајден.

Претставници на Министерството за одбрана рекоа дека дури и трупите на Националната гарда директно вклучени во обезбедувањето на комплексот Капитол и распоредени на друго место во областа Вашингтон, „нема да бидат далеку“ од своето оружје.

SHARE