Над 370.000 Албанци аплицирале само за американска виза

Дури 60% од граѓаните на Албанија би ја напуштиле својата земја доколку им се укаже таква можност, покажале резултатите од анкетата на Институтот за истражување на јавното мислење “Galup”.

Според податоците на “Galup”, таквите резултати ја вбројуваат Албанија на четвртото место на листата држави во светот чии граѓани сакаат да емигрираат. Пред неа се само африканските држави Сиера Леоне, Либија и Хаити, каде нивото на сиромаштија е од 54 до 70 проценти, пренесува порталот Брајтбарт.мк.

Во бројки, тоа би значело дека од вкупно 2,87 милиони жители, колку што има Албанија, дури 1,7 милиони сакаат да заминат од таму.

Процентот на граѓани кои сакаат да ја напуштат Албанија е поголем дури и од оној во некои држави зафатени од граѓанска војна.

Меѓународниот монетарен фонд неодамна објавил дека на Албанија и е потребен зголемен економски раст и инвестиции во приоритетни сектори, како образование и здравје, за да се намалат тенденциите за емиграција.

За големиот број на жители на Албанија кои сакаат да емигрираат, зборува и рекордниот број на албански државјани кои аплицирале за иселеничка виза во САД.

Во 2016-та година за американска зелена карта апликација поднеле 246.129 албански жители, додека следната година тој број бил рекордно зголемен на 376.231.

Извор breitbart.mk

SHARE