Над половина милион Грци ќе останат без работа до јули

Околу 580.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места од март до јули годинава, проценува грчката федерација на претпријатија (СЕВ).

Од таму нагласуваат веднаш да се искористат 1,4 милијарди евра од Европската програма SURE, со што секое погодено лице треба да добива по 483 евра во следните пет месеци.

Анализата на Федерацијата покажува дека во туризмот се изгубени 13.000 работни места и 88.000 од други економски сектори.

SHARE