Седумдесет и четири минути македонските фудбалери ја одржуваа надежта дека барем со бод во Варшава ќе го продолжат сонот за прв пласман на Европско првенство, пред Франковски и шест минути подоцна Билик, практично, да им ја затворат вратата.

За тоа придонесе и победата на Австрија од 1:0 против Словенија во Љубљана, па сега избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаат само теоретски шанси преку квалификациите да стигнат до ЕП.

За такво нешто им требаат победи на гостувањето во Австрија во следното коло и дома над Израел во последното, но и пораз на Австријците против „фенерџијата“ Летонија.

Полска и дефинитивно обезбеди учество на ЕП со 19 бода, пред Австрија со 16, Македонија остана трета со 11, колку што има и Словенија, а Летонија е без бодови.

SHARE