Граѓанин на Фејсбук реагира на узирпацијата на паркинг простор во услови кога паркирањето во градот станува финансиски „луксуз“, а наоѓањето на место каде ќе се паркира автомобилот, неретко и поради итна потреба , станува невозможна мисија.

„Овој дел од паркингот позади Скопјанка (сигурно дестина паркинг места за автомобили) неколку години наназад се блокира со метални столпчиња, се оградува со синџири и на некои други начини се узурпира. Еве, сега видов дека на паркинг местата ставиле, боже ме прости, надгробни плочи (фото 1). Паркингот наводно припаѓа на нешто што се вика НАЕОПМ (фото 2), иако никој не знае како нешто што е под ингеренции на локалната самоуправа или евентуално под Градот (ПИОМ) одеднаш станало сопственост на НАЕОПМ. Позади овој акроним стои таканаречената Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа држи еден дуќан од десетиците дуќани во Скопјанка, (сигурно многу помал од Кам маркет, на пример) и наспроти стотитиците станови во овој станбен блок, ете блокира над десет паркинг места (и на делник и на празник). Според некои мои информации оваа владина агенција има три (и со цифра: 3)службени возила и над десет паркинг места. На третата фотографија се гледа како на 11 октомври вечерта отприлика изгледа другиот дел од паркингот што го користат станарите на Скопјанка„.

https://www.facebook.com/
SHARE