И додека Ерменците ја напуштаат територијата која треба да му припадне на Азербејџан согласно потпишаниот „мировен договор“, ги палат своите домови и ги селат гробиштата за да не бидат освернавени од , како што велат, „муслиманите“, на социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која, наводно, азербејџански војник (или сириски џихадист) извикува „Алаху Акбар“ додека стои на покрив на ерменска православна црква.

Ерменската православна (апостолска) црква е една од најстарите христијански цркви. Била формирана од страна на светецот Григориј просветитетл во 301 година година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот вселенски собор.

Според договорот, од денеска Азербејџан воспоставува контрола на, до вчера, ерменската територија каде припаѓа и селото Карабах каде е направена снимката.

SHARE