На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Aзербејџански војници уништуваат ерменски гробишта во областите во Нагорно Карабах над кои презедоа контрола по потпишување на договорот на прекин на борбените дејствија помеѓу Азербејџан и Ерменија на 10 ноември .

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како војници уништуваат православни гробишта на сега протераните локални Ерменци, додека во позадина се слуша смеењето на лицето што снима.

„Ова е причината зошто Ерменците понесоа со себе и надгродни плочи и телата на своите најблиски при напуштањето на Карабах“, изјави локален жител за тамошните медиуми.

SHARE