Најбогатите 2.153 луѓе во светот контролираат повеќе пари од најсиромашните 4,6 милијарди, соопшти фондацијата Оксфам.

Во последната деценија бројот на милијардери се удвоил и тие се побогати одошто 60 отсто од целото светско население.

Според статистиката на Оксфам, 22 најбогати луѓе во светот имаат поголемо богатство од сите жени во Африка.

Доколку најбогатите 1% плаќаат само 0,5 отсто поголем данок во следните 10 години, тоиа би било доволно за отворање на 117 милиони нови работни места во образованието, здравството, како и во областа на негата на стари и млади.

SHARE