Најчевска: А, што може друго ДУИ да понуди?

Ова е единствената кампања која може да ја води ДУИ, ја коментира професорката Мирјана Најчевска најавата на лидерот на ДУИ дека е време за премиер Албанец .
„Што друго може да понуди?
Може да посочи некое посебно подобрување на животот на Албанците во Македонија како резултат на 20 години владеење?
Образованието на албански јазик го подигна нивото на знаење на учениците и студентите?
Нагло се подобри животот во општините водени од градоначалници – Албанци?
Има помало иселување на Албанците од Македонија?
Се намножија некорумпирани судии?
Во администрацијата влегоа професионалци наместо партиски војници?
Се зголеми сигурноста на живеење во албанската заедница?

Според мене, ако сега на овие избори Албанците во Македонија не го столчат ДУИ и не го исфрлат ако не за секогаш тогаш барем на подолг период од политичката сцена, ќе си останат заглавени во селскиот нужник во кој моментално се наоѓаат.

Ова е единствената кампања која може да ја води ДУИ.Што друго може да понуди?Може да посочи некое посебно подобрување…

Posted by Mirjana Najchevska on Saturday, 6 June 2020
SHARE