Најчевска бара оставка на директорот на затворот во Шутка

„За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции“ реагираше професорката Мирјана Најчевска по скандалозните информации дека екс-министрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска биле нападнати во затворот Шутка откако синоќа беа притворени како осомничени за настаните од 27 април.
„После ова се размислува и за оставка на министерот за правда.
Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото.
Срамно и жално и недозволиво.
Како и за Мијалков и во овој случај велам дека мора да се издвојат овие луѓе и да се преземат посебни заштитни мерки“, пишува Најчевска.

SHARE