(…) „Македонија ќе остане заробена држава и во наредната и понаредната и попонаредната година“, пишува професорката Мирјана Најчевска, во колумна за CivilMedia.

„Сѐ до моментот додека граѓаните не созреат, за да разберат дека тоа што некој им го вработил нивното дете, не значи дека нешто се променило и дека повеќе министри не значат повеќе права за граѓаните и дека свој човек во Собранието не значи поголемо почитување на законите и свој човек судија не значи повеќе правда, а свој човек полицаец не значи поголема заштита.

Тоа нема да се случи во наредната 2019 година.

Заради тоа и нема да ви ја честитам, туку ќе ви изразам сочувство за уште една година помината во затворот (сеедно дали ќе го наречете Македонија или северна или било каква)“.

 Колумната на Мирјана Најчевска на следниот ЛИНК