Најчевска предлага да се отповика спикерот Талат Џафери

Професорката Мирјана Најчевска предлага разврска на „кризата“ по последните препукувања во Парламентот поврзани со пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски што резултираше со „кавга“ меѓу спикерот ТалатЏафери, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, пратеникот Мухамед Зекири.

„Ако се нервира Џафери од настапи на пратеници и заради тоа не може да ја изврши задачата која ја презел нека поднесе оставка и нека си се нервира колку што сака за по дома.
Сега 20 пратеници треба да предложат отповикување на Џафери од функцијата претседател на Собранието“ – пишува Најчевска на Фејсбук.

Таа смета дека е потребна сериозна истрага за сознанијата кои ги имала партијата ДУИ за нападот на Собранието, за тоа каде биле пратениците од оваа партија, што правеле и дали има нивна вмешаност во настаните.

SHARE

4 Коментари

  1. Собранието не е сервис на судот па да мора во секој случај да го потврди барањето за притвор, па не гледам скандал во тоа што еднаш имало исклучок. Одлуката на пратениците очигледно не се базира на релевантни факти, туку е политичка. Не верувам дека било кој од пратениците и за ова, како и за било што друго се консултира(л) со граѓаните што го избрале, туку ја почитуваат наредбата на пастирот. Во тек е и обид за консензуален претседателски кандидат со што и народот би се ставил пред свршен чин, да не бира помеѓу повеќе кандидати, туку од што помалку по избор на лидерите, наместо кандидатите и во одредена политичка опција да се бираат на конвенција или со гласање на сите членови.
    Не го разбирам ни меракот за притвор во секој случај. Да сакаше Вељановски во конкретниов случај да избега, тоа ќе го стореше во овие неколку дена од првото повикување во судот до одлуката на Собранието на с. Македонија.

  2. Самиот политички прогон на македонците националисти и доведува да некои се решат на бегство од таква полициска орвеловска држава. Тоа им дојде како порачано на Хунтата за да не се брукаат пред светот со обвиненија од типот за купен службен мерцедес или за пеење македонска химна во Собранието кога народот влезе да го одбрани од Т.платформа и промена на Уставот за кои се потрврди дека беше оправдан обид, но за жал неуспешен за да се спречи таков т.н.мек пуч од СДС и ДУИ почнувајки со инсталација на терористот Таљат Џафери на највисока позиција во Собранието. Македонски апсурд!

    • Весна, јас мислам дека ти си обичен папагал. Ова што го пишуваш нема никаква врска со човечки мозок. Твоите реченици не се мисли формирани во процес на размислување, како производ на размислување. Не се поткрепени со реални факти и логика. Ти повторуваш нешто што те научиле. Дали тоа го правиш затоа што самата не си способна да размислуваш или од некои други причнини, тоа не знам. А највероватно си папагал.

  3. ТАА И ТАКВАТА СИ ИМА СВОИ ЧИПОВИ ВО ГЛАВАТА. СЕУШТЕ НЕ И СЕ РАШИРЕНИ СИТЕ РАБОТИ ВО ГЛАВАТА, АМА СЕПАК ГИ ЗНАЕ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ТАКВОТО НЕЈЗИНО ЈАВУВАЊЕ. КАКВА ХИПОКРИЗИЈА, КАКВА ШИЗОНФРЕЗИЈА, ОД ВАКВИ КАКО ОВА И КАКО ОНА ОД НЕКАКВА СИ ПРОТИВКОРУПЦИСКА, ТАСЕВА. ЕТЕ ТОА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ БОРДЕЛИ И ПОРНОГРАФИЈА!!!!???

Comments are closed.