Професорката Мирјана најчевска смета дека е многу малку веројатно, како што вели, неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со нехетросексуална ориентација да ја урнат владата.

„Многу веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.
Меѓутоа најлесно од се владата можат да ја урнат апологети на власта (како на пример Ѓорѓи Спасов) кои очигледно не разбираат дека некои грешки не може и не смее да се покриваат затоа што покривањето само по себе уште повеќе ја продлабочува грешката.

Во случајот со употребата на зборот педер во неговото наводно колоквиално значење (па уште содржано и во речникот на македонскиот јазик како најголем срам) всушност се промовира и поддржува поврзувањето на сексуалната ориентација со одредени психолошки карактеристики.

Тоа е исто како премиерот да кажал: се извинувам на луѓето од африканско потекло ама ова нигериве … или, се извинувам на жените ама долга коса краток памет, или, се извинувам на Албанците, ама ова Шиптариве, или …
Значи да повторам: не може да ја урнат власта неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со поинаква сексуална ориентација.

Меѓутоа владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе, кој не разбира дека и не баш добриот новинар треба да биде слушнат што кажува и дека било која од основите за дискриминација употребени во пежоративна смисла значи отворен атак врз одредена група, промоција на предрсуди и поддржување на дискриминација“, пишува Најчевска на Фејсбук.

SHARE