Најмалку една година се чека за македонски пасош во конзулатот во Минхен

Македонскиот активист од Германија, Александар Бузлески, укажува на предолгото чекање за македонски пасош во Генралниот конзулат на Македонија во Минхен.

„Одговор од конзулатот во Минхен во врска со издавање на еден обичен пасош. На сите вас што ви се брза, ќе мора да се стрпите барем 1 (ЕДНА) ГОДИНА…

Спаваш ли мирно конзуле Rexhep Demiri

#НародГледа

#НиСеСмееСветот“, коментира Бузлески на Фејсбук.

„Екипата за сликање е дојдена во Минхен, но Вие ќе се сликате следен пат, бидејќи лицата што имаат поднесено за пасош во втората половина на јули се поделени во две групи – едната ќе се слика овој пат, втората група следен пат, бидејќи предност се дава на лица кои чекаат веќе 1 година. Ќе бидете известени навреме кога ќе дојде екипата следен пат“, се вели во пораката од Конзулатот што ја сподели Бузлески на својот профил.

SHARE