Најмногу вакцини ќе одат кај оние со најмногу пари

САД, Велика Британија и Јапонија и други богати нации откупиле повеќе од половина од дозите најавуваната вакцина против Ковид-19, соопшти меѓународната непрофитна организација за борба против сиромаштијата „Оксфам“, пренесува Си-ен-ен.

Овие земји претставуваат 13% од светската популација, но откупиле 51% од идните резерви од вакцините, пишува во извештајот.

Во извештајот на „Оксфам“ се вели дека веќе се договорени договори за снабдување за 5,3 милијарди дози, од кои 2,7 милијарди (51%) се купени од развиени земји и територии вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Хонг Конг, Макао, Јапонија, Швајцарија и Израел, како и Европската унија. Останатите 2,6 милијарди дози ги откупиле или им се ветени на земјите во развој, вклучувајќи ги Индија, Бангладеш, Кина, Бразил, Индонезија и Мексико.

SHARE