Најпозитивната “Црна” кампања на СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи одамна започнаа кампањите на политичките противници со кои се обидуваат да ги убедат граѓаните дека тие а не нивните ривали се вистинскиот избор.

Во овој пример на таканаречена “Црна кампања” зад која очигледно стојат структури блиски на СДСМ кои не кријат што им е целта, наместо штета за ривалите се прави бумеранг ефект.

Наместо користејќи човек што беше сменет од позицијата во ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат штета за опозицијата нарачателите добиваат контра реакција.

На спонзорираниот односно платен видео пост на Фејсбук кој го виделе 35000 луѓе а има над 300 коментари ниту еден не е во посакуваниот правец за нарачателот.

Меѓу тие што реагираат на ваквата црна кампања на власта има и луѓе критичари на ВМРО-ДПМНЕ кои иритирани од манипулацијата реагираат бурно контра пораките во спотот и со зборови кои од разбирливи причини не може да се пренесат овде.

Користење на “лажни” партиски членови кои биле избркани од партиите и нивно претставување како легитимни извори или претставници е стара финта која ја правеле многу партии во историјата.

Посебен проблем за нарачателите на спотот е што без да бидат свесни ги мобилизираат проруските гласачи кои што постојат во земјава и директно им посочуваат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ без партијата воопшто да им се обрати директно.

Нарачателите на црната кампања во случајов воопшто не кријат која е целта на платената реклама: ВМРО-ДПМНЕ да не дојде на власт а ликот кој се промовира во спотот воопшто нема политичка партија за да дојде на власт освен ако не оди на избори како дел од СДСМ.

Пред два дена еден од најблиските соработници на Заев порача дека главната битка за гласови на следните избори ќе се води на социјалните мрежи.

SHARE