Голем земјотрес ја погоди утрово Албанија, само 2 месеци по оној во септември кој со 5,6 степени се сметаше за најсилен во последните 30 години.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени го погоди утрово градот Драч, а бил почувствуван и надвор од Албанија.

Засега се јавува само за голема материјална штета, но не и за повредени, јавува порталот Exit.al.

Луѓето во паника излегоа од нивните куќи на улиците.

Градот е без струја.

Во септемврискиот земјотрес беа повредени над 100 лица, а 500 куќи и 100 станбени згради беа оштетени.