Најуспешната кампања „Седи дома“ во Македонија (ВИДЕО)

Среде кризата со коронавирусот и апелите да се остане дома, „Свети Нео“ потсетува на Твитер на најуспешната кампања „Седи дома“ во Македонија, кога на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, со прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, излегоа 36,91 проценти од запишаните избирачи, а за да биде валиден беа потребни 50 отсто плус еден.

SHARE