Напад со нож во Париз – 7 повредени (ВИДЕО)

Седум лица се повредени, од кои четворица сериозно, во напад со нож во Париз, соопшти полицијата.

Напаѓачот,  за кој се вели дека е авганистански државјанин, е уапсен, а според првични информации нема индикации дека се работи за терористички напад.

Двајца од повредените се британски туристи, јави Би-би-си.

Нападот се случил синоќа некаде пред полноќ. Првично напаѓачот ранил три лица пред кино во 19 арондисман во Париз. Група мажи се обиделе да го спречат, но тој продолжил држејќи нож.