Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска жестоко го нападна пијанистот Симон Трпчески, кој прекина концерт во Штип поради тоа што во Домот на културата немаше греење.

„Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ.

Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА.
Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ.

Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам“, пишува Бошкова Мицева на Фејсбук.

Госпоѓата, неодамна ја нападна министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со антисемитистичка изјава.