Нападнат персонал во психијатриската болница Бардовци

Неофицијално вработени во институцијата тврдат дека вечерва пред 19 часот се случил тежок инцидент во Психијатриската болница Бардовци во Скопје откако група пациенти нападнале дел од персоналот.

Од засега непознати причини двајца членови на перосналот инаку кадар на ДУИ биле нападнати и привремено затворени во еден дел од болницата.

Извори во болницата тврдат дека сцената била драматична, и дека од страв никој од останатите вработени не сакал да им помогне на нападнатите.

Во операцијата за спасување на двајцата вработени биле ангажирани полициски специјалци кои интеревенирале во болницата.

Засега нема официјална потврда од здравствените и полициските власти.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.