Нападнато министерството за култура (ФОТО)

Во текот на ноќта или рано изутрина од засега непознати напаѓачи со боја е нападнато министерството за култура.

Со жолта, црвена, и сина боја е бојосан влезниот дел на министерството а до влезната врата е напишана и кратенката МКД.

Засега никој не ја презема одговорноста за симболичниот напад на македонската институција.

Напади со боја беа карактеристични во текот на таканаречената “Шарена револуција” за време на Предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

Оставете Коментар