Британската полиција уби човек во јужен Лондон за време на „инцидент поврзан со тероризам“.
Полицијата на Твитер соопшти дека напаѓачот, за кој се верува дека прободел неколку лица, е убиен.
„Околностите се испитуваат, инцидентот се третира како поврзан со тероризам“, соопшти полицијата.
Ројтерс потсетува дека последниот сличен инцидент, кој бил третиран како случај на тероризам, се случил во Лондон во ноември кога полицијата уби еден човек кој прободе двајца со нож и рани тројца.

SHARE