Над 1.000 маски се очекуваат да продефилираат во наредните два дена на традиционалниот Вевчански карневал кој годинава се одвива под мотото „Напрај се валисличар“.

Своите маски, Вевчанци традиционално ќе ги и презентираат утре на 13 јануари, на главниот настан во годината – карневалот посветен на Свети Василиј Велики, што како бренд се наметна низ годините како најуникатната културна манифестација во земјава.

„Маските се подготвени… најавуваат многу сатира креативност, но ние, традиционално, не се мешаме во тоа. На нас е техничкиот дел од организацијата. Сепак, апелирав, а сега повторувам уште еднаш, маскарите да се воздржат од ликови и креации со кои би навредиле нечии чувства од верска, национална, или етничка основа“, вели градоначалникот Јанкоски.

Манифестацијата почнува денеска, со изложбата на Билјана Јуруковски која низ авторски израз ќе го презентира своето видување на Карневалот. Веднаш потоа следува гурманското шоу „Вкуси го Вевчани“, или „Cooking with Branko“. Градоначалникот на Општината Сашо Јанкоски заедно со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски ќе се сретнат со угостителите од општина Вевчани, сопствениците и менаџерите на ресторани, кафеани, кафе-барови во селото. Традиционално, вечерта е резервирана за добра забава, со богата програма за која овојпат се задолжени DJ Todorоff, „Brass Brothers“, „Еye Cue“ и Влатко Лозаноски.

Вевчани од 1993 година е член на Здружението на европски карневалски градови.

Според некои извори, карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи

SHARE