Наришкин го нарече циничен односот на ЕУ кон Македонија и Албанија

Сергеј Наришкин, директор на Федералната служба за надворешно разузнавање на Русија, ја нарече цинична блокадата за старт на преговори на Европска унија со Македонија и со Албанија.

„Тоа е пример за недоследниот, а честo и циничен став на Европска унија во однос на балканските земји. Брисел ги повика тие две земји во евроатлантска интеграција, пред сè во НАТО. Тие земји ги исполнуваа барањата на Брисел, спроведуваа тешки реформи, а кога почна да станува збор за ЕУ, Брисел им ја затвори вратата пред нос. Тоа е навистина цинично“, изјави Наришкин во интервју за Радиотелевизија на Србија (РТС).

SHARE