Насловот наречен “Паника на Бихаќка и Илинденска”

Мал момент на деконцентрација на уредниците на еден од највлијателните и најчитани македонски портали предизвика немир и дилеми во Владата и во седиштето на СДСМ.

Порталот А1ОН кој важи за медиум кој благонаклоно гледа на работата на оваа влада денеска во наслов на текст објави дека СДСМ тврди дека владата на Заев е неспособна.

Сепак се работело за грешка, која е веќе исправена.

Тоа сепак го тврди опозицијата како што пишува на крајот на текстот. СДСМ сепак не мисли дека владата на Заев е лоша.