На 20 јули премиерот Зоран Заев се пофали со просечна плата во Македонија од 25.270 денари за мај, повисока „дури“ за 761 денар во однос на истиот месец лани, но и со овој „рекорд“ земјава е последна меѓу државите настанати од поранешна Југославија.

Пред Македонија и нејзините 413,67 евра е дури и економски најзаостанатиот дел од некогашна СФРЈ, Косово, кој добиваше најмногу средства од тогашниот Фонд за неразвиените републики и покраини, каде што во април годинава е исплатена просечна плата од 422 евра.

Убедливо највисока просечна плата во регионот од 1.113,88 евра добиваат работниците во Словенија, а по нив се колегите од Хрватска со 886,92 евра. Трета е Црна Гора со 516 евра, но за јуни, по неа е Босна и Херцеговина со 472,88 евра, па Србија со 470,64 евра.

SHARE