Наставник се извини за сведителствата со „северна“

„Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители,односно старатели што по сила на околностите,а против сопствената волја морав да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ“.

Ова е дел од извинувањето на наставник од ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, кој против сопствена волја бил приморан, како што вели, да потпише сведителства со новото уставно име на државата.

SHARE