НАТО членки загрижени за македонската “сајбер” безбедност

Високи екс функционери на земји членки на НАТО тврдат дека во нивните државни институции постои загриженост за состојбата со “сајбер” безбедноста на македонските институции кои деновиве се предмет на напади од хакерски групи.

Изворите кои инсистираат на анонимност со цел да не се даде политичка димензија на проблемот велат дека е несериозно земја членка на НАТО цели 4 дена да не може да го реши проблемот со хакерските нападите врз сајтовите на министерствата за здравство и образование.

Точно е дека Македонија не поседува информации од стратешка важност за НАТО кои што можат да бидат украдени со хакерски напад но што доколку хакерите пробијат во министерствата за одбрана и внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање или Агенцијата за национална безбедност каде што има сериозни безбедносно чувствителни информации, прашуваат изворите кои апелираат владата итно да се соочи со проблемот.

И други институции во земји членки на НАТО биле таргетирани од хакерски групи но никаде не се случило нападот да не е саниран и по четири дена што Макеоднија ја става во групата земји кои се сметаат за апсолутно ранливи во таканаречената “сајбер ера”.

За изворите посебен проблем се билатералните односи меѓу Македонија и други земји кои можат да бидат нарушени доколку сензитивни информации од областа на борбата против тероризмот, криминалот и миграциите кои ги разменуваат земјите дојдат во рацете на хакерите.

Од петокот навечер до сега се уште не функционираат интернет страниците на Министерството за здравство и на Министерството за образование.

Во моменти кога земјата се подготвува за нова учебна година а бројот на починати и мртви од Ковид 19 е меѓу највисоките на светот јавноста не може да се информира за активностите на двете министерства отакако тие минатат недела беа цел на хакерски напад од групата „AnonOpsMKD“.

„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“, напишаа по нападот македонските “Анонимуси” кои на Твитер се потпишуваат како „AnonOpsMKD“ или Анонимуси операции Макеоднија.

Македонските власти се уште не објавиле јавно кој е извршител на наодот, кои се последиците и како проблемот ќе се реши.

Засега нема прецизни информации ниту за апликацијата за броење на гласови на ДИК и порталот тиме.мк.