Македонија е застапена во пораките на два транспарента што навивачите на ПАОК ги истакнаа на трибините на стадионот во Солун пред вечерашниот натпревар со Базел од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите.

„Македонија е една и единствена и таа е тука“ на англиски јазик и „Ги убивте луѓето во Рафина, ја продадовте Македонија за пари“ на грчки порачаа фановите на клубот од Солун од трибините на стадионот „Тумба“.

„Сочувство за семејствата на жртвите“ и „Изгорени шуми, цветни алеи, поддршка за жртвите“ се пораките од другите транспаренти со кои навивачите се солидаризираа со настраданите од катастрофалниот пожар во Атика.

Иако денеска е првиот од трите дена на жалост во Грција, натпреварот мораше да се одигра поради инсистирањето на УЕФА.