НБА-кошаркарот Џеди Осман во посета на родниот Охрид

Џеди Осман, кошаркар на НБА-вицешампионот Кливленд кавалирс, попладнево пристигна во Македонија со семејството, а добредојде на аеродромот во родниот Охрид му посака турскиот концесионер на македонските авиопристаништа ТАВ.

Осман е роден во Охрид пред 23 години од татко Турчин и мајка Бошњачка од Нови Пазар, Србија, и има македонско и турско државјанство. Има настапувано за националните селекциите на Турција, при што стана европски шампион и со таа до 18 години во Летонија 2013, и со таа до 20 години во Грција 2014, кога беше избран за МВП на првенството.

На 18 јули минатата година потпиша за „коњаниците“ од Кливленд како играч на Анадолу Ефес.

И неговиот брат Џанер е кошаркар, кој во Македонија играше за Струмица и за Куманово, а од пред две години е помошник-тренер во турски Јешилгиресун.