НД: Каменос и Ципрас одглумија развод

Крајот на коалицијата СИРИЗА-„Независни Грци“, објавен од премиерот  Ципрас и водачот на Независните Грци (АНЕЛ), Каменос, е „инсцениран развод“, тврди главната опозициска партија Неа демократија.

„Патетичното дуо Ципрас-Каменос денеска на националната телевизија го претстави својот ‘развод’: шоу кое има за цел ратификување на Преспанскиот договорот, СИРИЗА да остане на власт и Каменос и неговите пратеници да ги задржат на нивните места уште малку “, се вели во соопштението на НД.

Во соопштението се вели и дека Каменос „позајмил двајца негови пратеници на Ципрас за да можат да му гласаат доверба, без да ги истера од пратеничката група на АНЕЛ“.

SHARE