Не била само Франција против!

Франција, Холандија и Данска сметаат дека Македонија и Албанија не се подготвени за отворање на пристапни преговори со ЕУ поради што европските лидери вчера не успеаја да донесат одлука.

Се очекува денес да биде дефинитивно познато дали Германија и другите поддржувачи на преговорите сепак ќе се изборат за макар некаков компромис со трите скептични држави, пишува „Фокус“.

„Нема заклучоци денеска – изјави доцна синоќа финскиот премиер Анти Рине, при излегувањето од зградата на Советот на Европската унија, додавајќи дека се надева оти е можно денеска да се постигне договор.

Сепак, холандскиот премиер Марк Руте за новинарите рекол дека дискусијата за проширувањето се оставени за следниот Европски совет.

SHARE