Не издржаа до крај против Исланд, Македонија за 13. место

Македонија ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место на 26. Светско првенство за ракометари во Германија и во Данска, откако во израмнет натпревар загуби од директниот ривал Исланд со 24:22.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес беа подобри во првото полувреме, кое го добија со 13:11, како и до средината на второто, до водството од 16:15. Во резултатската нишалка до крајот на средбата во Минхен, во која предноста премина во рацете на Исланѓаните, кои имаа и два гола позитива, „црвено-жолтите“ успеаја и да израмнат на 21:21, но противникот подоброи се снајде во финишот.

Третиот пораз во низа ја остави Македонија четврта во групата Б, па в сабота од 13 часот во Келн ќе игра против Русија во т.н. Претседателски куп. Другите два ривала се Катар и Чиле.

SHARE