(…)Ни го сменија животот, ја замрзнаа сегашноста, нѐ затворија и нас и сѐ околу нас со приказната за короната и вредноста на јавното здравје, кое го издигнаа на пиедестал. Постојано нѐ информираа и нѐ едуцираа за опасноста од короната, ги броеја заразените, починатите и излекуваните за кои и самите тврдеа дека немаат лек. Ја увидоа глупоста, па излекуваните станаа оздравени.

Постојано повторуваа – седете дома. Нѐ затвораа по 80 часа, штитејќи нѐ од короната и нас самите, од нашата непослушност, присност, дружељубивост. Повторуваа седете дома. Нѐ штитеа од кафеаните, рестораните, кафулињата и повторуваа седете дома броејќи ги новозаболените. Нѐ маскираа, ни ставија ракавици, кожата на рацете ни ја исушија од средства за дезинфекција, ги броеја новозаболените и повторуваа седете дома. Ги штитеа младите од животот, од бабите и од дедовците, старите ги штитеа од внуците и од пријателите, ги броеја новозаболените и повторуваа седете дома. Нѐ штитеа од шумите, парковите, чистиот воздух, роднините и пријателите и ни повторуваа седете дома броејќи ги новозаболените.

Сѐ уште ги бројат новозаболените секој ден и предвидуваат уште еднаш да нѐ затворат 80 часа, но сега ни велат – дојдете на избори. Јавното здравје никако не може да биде пред изборите, а короната и не е толку опасна, па можете да излезете, стари, млади, сите вие чии гласови се бројат.

Ако вие земате часови или апчиња, народот нема да ја „голтне“ и оваа ваша „глупоќа“.

Од колумната на Звонко Давидовиќ за Фокус

SHARE