Во текот на последните 24 часа полицијата им изрече казна на 500 лица кои биле затекнати на отворен или во затворен простор без маска или прекривка преку лицето и носот.
ОД МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот и ги потсетува дека маските се задолжителни и на отворен, а не само во затворен простор и дека секојдневните контроли ќе продолжат.