Интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград, ќе се изведуваат на Универзитетската клиника во Скопје, дознава „Плусинфо“.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека веќе имало контакт на доктор и на лице кое сака да го смени полот.

Филиипче ова го најави на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

SHARE