Не со тие куршуми професоре Бучковски – пишува Горан Момироски

Во нашава матна Македонија деновиве речиси се е дозволено и прифатливо. Се кршат закони, се забораваат основни политички принципи, се занемарува воља на 2/3 граѓани на референдум, се создава насилно 2/3 мнозинство за промена на устав, пратеници излегуваат од затвор во 15 часот за да гласаат во Собранието во 21 часот, политичарите менуваат ставови за 2 часа……..

Дури и либералот Ивон Величковски да побараше казни и забрана за хомосексуални врски немаше да биде ништо чудно.

Но тоа не е случај и со професорот по право (Римско кое што е основа на модерното право) Владо Бучковски кој ни порача дека владеењето на правото во случајот со амнестијата мора да оди курбан за други цели кои што деновиве се приоритет (промена на уставот).

Бучковски не е обичен човек, не е само професор по право, тој беше лидер на СДСМ и премиер на владата кога Македонија ја доби препораката за почеток на преговори во 2005 година. Како човек што ја водел владата тој најдобро знае колкава штета може да донесе уривањето на системот на владеење на правото (rule of law) кој што е суштина на принципите на функционирање на Европската Унија каде што сакаме да влеземе.

Сега е најмалку важно дали Бучковски урнисувањето на системот на владеење на правото го прави поради вработувањето на неговиот син во МЕПСО или поради ослободителната пресуда за случајот „Тенковски делови“. Неговата лична амнестија нема да биде ни прва ни последна, и многу поголеми криминалци се спасиле затоа што во вистински момент знаеле „да изиграат со власта“.

Сега проблем е како тие студенти кои што тој ги учи дека владеење на правото е суштина на демократијата во модерната цивилизација, да ги убеди дека неговата дихотомија како професор и како политичар не е целосно луда.

И се разбира најголемиот проблем, зошто еден почитуван професор и екс премиер се впушта во срамна кампања со цел да го поддржи премиерот Заев кого што во последниве денови дури и најблиските соработници не го поддржуваат, особено не јавно.

Бучковски мора да знае дека сега без разлика дали се работи за ветување дека ќе биде амбасадор на Македонија во САД, за вработувањето на син му или ослободувањето од служење затворска казна, тој или свесно прави голема грешка или пак е злоупотребен. Искористен за го пополни празниот простор од кој сите бегаат и да ја дефокусира дебатата за уставот и амнестијата во која владата се соочува со катастрофални критики, дури и од своите приврзаници.

И наместо екс премиерот да запре кај неопходната пропаганда која очигледно морал да ја направи тој влегува во нови анализи и предвидувања со што освен дигнитетот како професор ја губи релевантноста и како политички аналитичар.

Без разлика дали некој му кажува што да каже или пак самиот ги смислува своите тези тој морал да знае дека кога ќе каже нешто, неговите зборови како екс премиер се гледаат низ сито и решето. И дека никој нема да му прости за предавството на принципите, пред се на тие на Римското право а потоа и на сите останати.

А кога се гледа така веднаш ни доаѓа на ум неговата анализа и предвидување од изборите во 2006 година кога како лидер на СДСМ и премиер беше убеден дека СДСМ ќе победи убедливо. Тоа како што знаете не се случи, напротив СДСМ загуби со дотогаш најмалку освоени гласови на една владеачка партија во историјата на независна Македонија. Пред се поради недугавоста и некреативноста на владата на полето на економијата. Нешто што се повторува и сега.

Кога се зборува за кредибилитетот на Бучковски при искажување на политички анализи како таа за 100 илјади гласови со кои СДСМ ќе победел во првиот круг на претседателските избори, мора да потсетам на уште едно негово промашено предвидување. А се случи пред неколку месеци.

Тој пред референдумот најави дека власта собрана одколу кампусот „ ЗА“ ќе победи со 700 илјади гласови. Но во овој случај не е најголем проблем што вадејќи цифри „од џеб“ промаши со 100 илјади гласови разлика, колку што сега им дава како предност на своите од СДСМ на претседателските избори.

Поголем проблем е што тој со ова предвидување свесно или несвесно најавува „гласачки масакр“ на изборите за претседател односно полнење на кутии како што се случи на 30 септември кој кога со полнење кутии беа украдени најмалку 50 илјади гласови. Од каде инаку би била предноста од 100 илјади гласови за СДСМ според Бучковски ако не е од полнети кутии.

Бучковски е умен човек и сигурно ги знае анкетите кои што покажуваат нешто сосема спротивно од неговите анализи и предвидувања.

Јас професорот Бучковски го почитувам за храброста во 2005 година
со својот бугарски колега Сергеј Станишев да предложат смирување на страстите меѓу двете земји, но кредибилитетот не се гради само со една или две добри идеи туку со објективност, умереност, ум, стаменост и пред се реалност. Нешто што сега е заматено кај професорот поради најверојатно приватни причини.

SHARE

7 Коментари

  1. А што стана со овој мангуп и корупцијата од Телеком?? Нели СЈО го презедоа случајот? Да не ради ова професорот одработува агенда? Дај дадете одговори, да не се јавувам до ФБИ во Америка.

  2. Момироски несериозно од тебе е да избегнуваш, и само со една реченица, да збориш за најважното прашање името МАКЕДОНИЈА и демонтирање на Македонија преку измените на Уставот!
    Зошто го праиш тоа, ти си знаеш. да не ти ја најдоа точката на топење?
    Зошто повеќе на срце ти лежи Бучкото од Македонија, и зошто толку му се восхитуваш, имал интелектуален капацитет те бил професор и слични глупости, не ти доликуваат Горане, голем си веќе.
    Замислете, Бучко бил човек, е и ти Горане имаш искривен вредносен кантар, ако е тој човек што сме ние?
    Горане, земи седни, размисли и почни да си ја работиш работата, почни од прашањето, што ќе донесат уставните промени, дали е тоа крај на македонската држава, најди соговорници ако не ги знаеш последиците од оваа квислиншка политика, нека ти објаснат, а ти направи обиди па тоа пренеси и го на јавноста, нека дознае и таа за што се работи и што се случува!
    И Горане, повторувај ги аргументите се додека не им влезат во глава или додека не ги разберат, можеби полека разбираат ама кога ќе научат нешто тогаш тоа навистина го знаат!

    Туку да прашам, има ли сознанија, се спрема ли ситнење на велепредавничкото јато во Собранието, има ли молотови има ли ангажман на пријателски сили за … до каде се работите, знае ли некој нешто повеќе, или се отиде во 3пм?

  3. […] Во нашава матна Македонија деновиве речиси се е дозволено и прифатливо. Се кршат закони, се забораваат основни политички принципи, се занемарува воља на 2/3 граѓани на референдум, се создава насилно 2/3 мнозинство за промена на устав, пратеници излегуваат од затвор во 15 часот за да гласаат во Собранието во 21 часот, политичарите менуваат ставови за 2 часа…….., ова во својата најнова колумна пишува Горан Момироски за Експрес. […]

  4. […] Во нашава матна Македонија деновиве речиси се е дозволено и прифатливо. Се кршат закони, се забораваат основни политички принципи, се занемарува воља на 2/3 граѓани на референдум, се создава насилно 2/3 мнозинство за промена на устав, пратеници излегуваат од затвор во 15 часот за да гласаат во Собранието во 21 часот, политичарите менуваат ставови за 2 часа…….., ова во својата најнова колумна пишува Горан Момироски за Експрес. […]

  5. А нели овој требаше да лежи? Дали судските пресуди важат селективно?

Comments are closed.