Не успеа блефот на Заев, без Мицкоски нема лидерска средба

Без лидерот на опозицијата нема логика да се организира лидерска средба е причината поради која премиерот Заев ја откажал лидерската средба закажана за утре.

Иако вчера изјави дека со или без Мицкоски ќе има средба вечерва Заев ја откажал лидерската средба поради недоаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова Заев им го кажал на членовите на Централниот Одбор на СДсМ вечерва.

Лидерот на СДСМ на сопартијците според партиски извори им кажал дека нема логика за одржување на лидерска средба без Мицкоски.

Заев средбата ја закажа со дневен ред СЈО, попис и Изборен законик, прашања кои не може да ги истурка без опозицијата.

Мицкоски предходно најави дека нема да дојде, бидејќи според него средбата треба да има само една тема: предвремени избори.

Ахмети и Села кои беа поканети, ја прифатија поканата но таа сега ќе биде одложена на неодредено време додека Заев и Мицкоски не се договорат за темите за кои треба да се преговара.

SHARE