Во МК влегуваат околу 600 милиони УСД приватни дознаки од странство годишно. Околу 400 милиони влегуваат преку банки (3,8 % од БДП. Остатокот влегува во “кеш“, смета аналитичарот Бесим Небиу кој проценува дека во Македонија има околу 100.000 приматели на дознаки од иселеници.
Законското решение нејверојатно ќе предизвика да се проверуваат и оданочуваат сите тие 400 милиони евра кои влегуваат преку банки, тпа според Небиу значи дека во пракса, примателот прво ќе добие даночно решение, па после ќе оди по шалтери на УЈП да докажува дека не се тоа приходи, туку дознаки од роднини.
Според аналитичарот овој закон ќе постигне 2 ефекти:
1. Ќе се намали износот на дознаки кои доаѓаат по пат на банките – ќе се зголемат оние што влегуваат “кеш“
2. Ќе ја направи оваа Влада страшно непопупарна кај семејства кои примаат дознаки од странство, а и не само кај нив.
Владата пред неколку дена најави дека со новите законски решенија Управата за јавни приходи ќе има пристап до приватните сметки до кои сега можеше да има пристап само Банката и корисникот или друг државен орган но доколку има судски налог за пристап до сметката.
Бесим Небиу е економист од Скопје. Работел како консултант за повеќе меѓународни проекти