Недела да биде неработен ден за сите, бара ССМ

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека недела треба да биде неработен ден за сите работници, а „искуството“ со коронавирусот покажа дека тоа е изводливо.

„Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден“, соопшти ССМ.

Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс меѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела, пренесе ТВ24.

Од ССМ велат дека голем број работодавачи ја прогласија недела за неработен ден, а тој пример треба да го следат и другите работодавачи, како и Владата.

SHARE