Во ексклузивно интервју за ТВ24 советникот од Општина Охрид, Нефи Усеини кој изгради пицерија во близина на Чинарот што предизвика реакции вели дека врз него се вршел политички атентат врз него и на тоа што го работи.

Вели дека ако веќе треба да се урива неговата пицерија тогаш – нека се урива.

„Јас не мислам дека мојот ресторан е дивоградба. Веќе работи 12 години и плаќам се на државата. Секоја година си гласаме во Совет за урабана опрема и секоја година си плаќам придонеси за терасата. Таа е не е дивоградба и затоа не ја рушев.

Само имаше реновирање. Ги тргнав најлоните и ставив стакло за да изгледа поубаво за туристите.

Ако законот кажува да го рушам мојот објект, ќе го рушам. Ама да не биде селективно, да не биде само Нефи, туку цело крајбрежје што не плаќа придонеси“, вели Усеини.