Неизвесна денешната средба Заев – Села?

Од Алијансата на албанците велат дека е неизвесно дали ќе се појават на денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на која треба да се разменат мислења за можен зеднички претседателски за што Заев бара поддршка и од партиите од албанскиот блок.

Неизвесноста, наводно е поради одлуката да му се одземат ингеренциите во секторот образование на градоналникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот Таравари на Фејсбук објави дека на општината повторно ѝ се одземени ингеренциите во бразованието, обвинувајќи ги политичките опоненти од ДУИ.

„ Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ, иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава“, напиша Таравари.

Според партиски извори за ова Села го известил и Заев.

SHARE