Критикувајќи го НАТО, американскиот магазин „Нејшнел интерест“ како аргумент ја користи и намерата на Алијансата да ја инкорпорира и Македонија, споредувајќи го нејзиниот буџет за одбрана со тој на полицијата на Синсинати.
„Минатата година Алијансата ѝ посака добредојде на Црна Гора. Сега е подготвена да ја прифати поранешната југословенска Република Македонија, што би значело дека САД се обврзаа да ја бранат нацијата што издвојува само 120 милиони долари годишно за својата одбрана, речиси колку и полицискиот оддел на Синсинати“, пишува двомесечникот во написот насловен „НАТО е застарено“.