Некогашниот текстилен гигант „Тетекс“, престанува да постои

По 69 години работа комбинатот „Тетекс“ од Тетово престанува со работа. Денеска се затвори и погонот Конфекција, кој беше последен што работеше. Пред пред една година престана да работи погонот Трикотажа, а минатиот месец и Ткајачница. Единствено работи Предилницата за производство на волница, но таа е дадена на странска фирма.

По седумдецениското работење на овој некогашен текстилен гигант, затворањето било неминовно, изјави генералниот директор на АД „Тетекс“ Глигорие Гоговски за СДК.

Овој текстилен гигант започна со производството на 25 мај 1951 година. Во годините пред осамостојувањето, во „Тетекс“ имало повеќе од 8.000 вработени, а потоа следеа две децении во кои бројот на вработени се намалуваше. 

SHARE