Учниците во таканаречената „Шарена револуција“ се скандализирани затоа што главните предводници и по речиси три години плаќаат за тогашното фрлање боја врз објектите на институциите.

Професорката Мирјана Најчевска која на која ѝ стигна парична казна од 200 евра вели:

„Тоа е исто како да кажете дека после втората светска војна партизаните требало да бидат повикани на одговорност за штетите што ги нанесле на сите објекти во текот на борбата…“ вели Најчевска како што пренесува 24 вести.

„Шарената револуција е продадена, предадена од страна на власта и нејзините идеали се погазени. Но, без разлика на тоа вербата за социјална правда продолжува и јас не се каам што учествував во Шарената револуција“, изјави Здравко Савески,  член на Левица.

„Крајно време е да го поставиме прашањето дали е во ред да ослободуваме од кривична одговорност луѓе кои направиле многу посериозни дела, а се уште да наплаќаме казни за луѓе кои до вчера се бореле против режимот“, вели пратеникот на СДСМ Павле Богоевски.

SHARE