Претставник на компанијата „Еленица“ од Струмица смета дека компаниите остануваат без работници, а државата без луѓе врз кои ќе може да ги примени мерките од Оперативниот план за вработување за 2020, па затоа ќе треба да се увезуваат ефтини работници.

„И покрај тоа што нудиме плата од 350-400 евра за општи работници никој не се јавува, а имаме ситуација кога има интерес од работници од трети земји, кои таму имаат плата 100 евра и можат да дојдат тука да работат“ вели Митко Крстевски, претставник на компанијата „Еленица“ од Струмица. Образложи дека ова не е само проблем на нашата државата заради масовното иселување, туку е и регионален проблем. Тој смета дека компаниите остануваат без работници, а државата без луѓе.

Крстевски постави прашање дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство.

Стопанствениците изнесоа податоци дека оваа година и во Хрватска имало ангажирано голем број работници од трети земји…пренесе Обсервер сапоред кој Стопанственици бараат увоз на работници од странство | opserver.mk

SHARE