Некој штанца лажни вести: Овој Здравко не е Мицко!

Откако на некои портали беше објавена фотографија од Конгрес на СДСМ во 2005-та година на која, како што се тврдеше, се гледа Христијан Мицкоски – пристигна демант и тоа од член на СДСМ.

Петар Здравковски, негирал дека на фотографијата е сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а тој самиот ја споделил фотката од Конгресот на фејсбук.

„Откако го објавивме тњекстот н’е контактираше член на СДСМ, Петар Здравсковски, кој ни кажа дека на сликата е тој , а не лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. извинување до читателите и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во она што би требало да биде демант на еден портал.

Во „билдањето“ на фото-веста споменатиот портал открива „минат труд“ на Христијан Мицкоски и тврдеи дека тој на Конгресот бил поканет и учестѕвувал како претсавник од Социјалистичка партија!?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, споделувајќи го и текстот и фотографиите објавени  од членот на СДСМ, го прашува премиерот Зоран Заев, дали ова е борбата против лажни вести.

SHARE