Нема датум, а има ли обврски од „Преспанскиот“?

Со потпишувањето на Договорот од Преспа, двете страни се обврзаа со кое темпо ќе тече менувањето на сите документи кои треба да го носат називот со новото официјално име „Република Северна Македонија“.

Но сега откако стана јасно дека нема добие датум, се поставува прашање дали важат некои од обврските од Преспанскиот кои се однесува на она што ние треба да исполниме со почетокот на преговорите и отворањето на поглавјата.

„Овој процес требаше да го следи отворањето на поглавјата за конкретните области. Наместо тоа, во знак на добра волја власта истрча предвреме да ги направи „северни“ сите документи кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба како што се изводи, дипломи, сведителства“, пишува „Прессинг.ТВ.

Ако буквално се чита Договорот од Преспа сите дипломи и сведителства требаше да го добијат новото име со најдоцна пет години по отварањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието.

Ќе добиеме и банкноти со новото име, иако ова поглавје е поврзано со поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика.

Досега власта ги смени имињата на 136 интитуции од кои најпознати се македонската филхармонија, ЕЛЕМ, Македонската опера и балет, Македонската телевизија, Националниот стадион, спортските федерации, па дури и катните гаражи.

SHARE